Има трансфери и за пет милиони евра – Фалкао ќе игра за Галатасарај, Перишиќ оди во Баерн

Радамел Фалкао и Иван Перишиќ ќе ја сменат средината и ќе играат за нови клубови, а првичната договорена сума за двата трансфери е по пет милиони евра.

Фалкао веќе е во Истанбул и треба да потпише договор со Галатасарај до 2022 година за сума од пет милиони евра плус бонуси. Вчера не играше за Монако против Лион, а денеска, или утре треба да стави потпис на договор со турскиот гигант.

Иван Перишиќ долго се мислеше дали да си замине од Интер во редовите на германскиот првак Баерн, а италијанските медиуми објавија дека трансферот е веќе договорен.

Договорот е Хрватот да дојде како позајмен играч, за што Баерн на Интер ќе му плати пет милиони евра, со обврска да биде откупен комплетниот договор што Перишиќ го има со „нероаѕурите“ за 20 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести