Има уште еден клуб, го нарекоа „последна шанса“ за заминување на Роналдо од Манчестер јунајтед

Кристијано Роналдо има само уште една шанса за заминување од Манчестер јунајтед ова лето, а неговиот менаџер Жорж Мендеш преговара со Борусија Дортмунд.

Се наведува дека Мендеш има влијание и може да издејствува добра понуда од Милионерите за ЦР7, иако тоа изгледа нереално, барем според клупската политика на Борусија Дортмунд.

Германскиот гигант форсира помлади фудбалери, а веќе купи еден ветеран во овој преоден рок, 34-годишниот Ентони Модесте.

Роналдо сака да си замине од „Олд Трафорд“ и заедно со Мендеш цело лето се обидуваат да најдат клуб, а услов е тој да игра во Лигата на шампионите.

На листата клубови за кои се шпекулираше дека е можно да го ангажираат Роналдо беа ПСЖ, Челзи, Баерн, Атлетико Мадрид, Спортинг, па дури се најавуваше и опција да се врати во Јувентус, но ништо од тоа не се реализира.

 

- Оглас -

Најнови вести