Имаа 54 шута и ништо, а ривалот еднаш влезе во 16-тник и даде гол (Видео)

Натпреварот од Копа Судамерикана (јужноамерикански пандан на европската Лига на Европа) помеѓу боливиски Насионал Потоси и венецуелскиот тим Зулија е доказ дека поседот на топката не мора ништо да значи во фудбалот доколку не сте конкретни и прецизни во нападот.

Домашниот Насионал беше голем фаворит, а на крајот испадна дека самите си се поразија. Статистиката по завршувањето на мечот беше неверојатна. Насионал имаше дури 54 шута кон голот на гостите, по 27 обиди во двете полувремиња, трипати погодуваа пречка или статива, но не дадоа гол.

Поседот на топката беше огромни 79,2 проценти кај Насионал, имаа 533 додавања, но сето тоа беше попусто.

Зулија за 90 минути само еднаш дојде до противничкиот 16-тник и успеа максимално да го искористи тоа. Погодокот за сензација беше од контранапад.

https://twitter.com/i/status/1108213840142053376

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести