Имаат 50.000 жители, а се пред пласман на ракометното ЕП (Видео)

Во моментов низ цела Европа се играат квалификациите за пласман на Европското првенство кое во јануари ќе се одржи во Германија. Македонија е веќе таму и тоа не е изненадување, но сензација на овие квалификации се ракометарите на Фарски Острови.

Тие откако најпрво ја совладаа Романија, сега славеа и над Украина и со две победи се многу блиску до прв настап на континенталните шампионати. Сепак, за да се случи Фарски Острови да не играат на Европското првенство, треба да загубат од Австрија, која е веќе пласирана, но и Украина да ја совлада Романија најмалку со седум голови разлика, што е малку веројатно.

Фарските Оствори всушност и не се суверена држава, туку само автономна територија на Кралството Данска и имаат само 54.000 жители. Сепак, имаат светла ракометна иднина и одлични ракометари кои настапуваат во една од најквалитетните светски лиги, германската Бундеслига.

- Оглас -

Најнови вести