Имаат ли фармацевтите лек за шампионот? Проверете со Спортска прогноза и вклучете се во трка за „ајфон 11“

Баер Леверкузен ќе се обиде да најде лек за неприкосновениот шампион на Германија, Баерн Минхен, во последното коло во Бундеслигата за 2020 година, а битката за врвот во германското првенство е во фокусот во 15-тото коло на Спортска прогноза.

Тоа е само еден од мечевите што привлекуваат внимание на популарната „Тринаесетка“ што за вас бесплатно ја организираат Sport Life и Спорт Манија.

Типувањето е стандардно, до 15.30 часот во сабота, кога е последниот термин за да се вклучите со ваши прогнози во трката за супер-награда. „Ајфонот 11“ сè уште го чека првиот добитник во третата сезона на Спортска прогноза, а е топ-подарок во екот на предновогодишните празници.

Сабота ќе биде во знакот на Спортска прогноза и на дуелите во Германија и во Англија. Ги има вкупно пет за прогнозирање во 15-тото коло и, секако, најтешка задача ќе биде да се погоди исходот на „Бај арената“.

Баер ќе се обиде да избегне трет пораз по ред на свој терен од германскиот и европски шампион Баерн, а последните два му се со идентичен резултат, 2:4.

За недела ви нудиме уште неколку исклучително интересни двојки за прогнозирање, а за наградите веќе се знае, Sport Life ги наградува и утките.

За еден промашен пар на „Тринесетката“ ќе добиете ваучер во вредност од 1.000 денари, за две промашувања наградата е ваучер од 500 денари, а за успешна сезона на Спортска прогноза важно е прецизно да се типуваат и двата резервни пара бидејќи носат поени за Генерален пласман.

На крајот од третата сезона на Спортска прогноза, новиот шампион и најдобар стратег во бесплатната и забавна игра ќе добие ТВ Смарт од 48 инчи, а петте најдобропласирани прогнозери ќе бидат наградени со многу поени што ќе можат да ги искористат во СЛ маркетот на Sport Life.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести