Имало и полош терен од тој во Скопје, а Роналдо играше таму и многу беше лут (Видео)

Кристијано Роналдо со Ал-Наср победнички стартуваа во азиската Лига на шампиони откако со 2:0 го победија ирански Персополис во Техеран. Дури во второто полувреме, откако домашниот тим остана со играч помалку, Ал-Наср го скрши отпорот на Персеполис и постигна два гола.

Погодоците за Ал-Наср беа дело на двајца домашни фудбалери од Саудиска Арабија, додека ѕвездите Кристијано Роналдо, Садио Мане, Марсело Брозовиќ, Ајмерик Лапорте делуваа немоќно на теренот, и тоа поради очајната состојба на тревата.

Во еден напад, Роналдо тргна со топката, но таа едноставно застана и остана зад него, додека Португалецот луто реагираше.

И Мане едноставно не можеше да се наигра и да го покаже квалитетот на еден ваков терен, кој наликуваше на тревата која веќе неколку месеци е на скопската Арена „Тодор Проески“.

 

- Оглас -

Најнови вести