Имаше чудни моменти, драма и голеада во Виго, Селта дочека победа против Мајорка по 16 години (Видео)

Неколку интересни моменти и чудни голови имаше на мечот меѓу Селта и Мајорка, а домаќините во драматичен финиш и натпревар со 7 голови конечно успеаја да го победат незгодниот ривал вечерва во Виго со 4:3.

Селта немаше победа против Мајорка на 7 меча по ред, а сега успеа на драматичен начин со погодок од пенал на Јаго Аспас во последната акција да ја прекине незгодната серија што трае од 2006 година.

Голеадата на „Балаидос“ почна со интересен погодок на Галјардо во 13-тата минута, а продолжи со уште два чудни погодоци, по еден на двете страни.

Голот на Галјардо можете да го погледнете ОВДЕ.

Гонзалес израмни на 1:1 само четири минути подоцна со интересен удар, а тој погодок можете да го погледнете ОВДЕ.

Следуваше и третиот гол во првото полувреме, а и тој беше чуден. Го постигна Денис Суарес и можете да го погледнете ОВДЕ.

Во второто полувреме беше нерешено 2:2, а финишот беше многу возбудлив. Мајорка израмни на 3:3 од пенал во 87-мата минута и имаше играч повеќе, но примија гол во последните моменти и загубија во меч со 7 гола.

Јаго Аспас погоди од белата точка во 96-тата минута за прва победа на Селта против Мајорка по пауза од 16 години.

 

- Оглас -

Најнови вести