Имаше луди пресврти во Хаифа и „два во кец“ за победа на Макаби против Црвена ѕвезда

Макаби ја победи Црвена ѕвезда со 3:2 во одличен меч со два пресврти и ќе има еден гол-разлика за реваншот во Белград за една седмица.

Сега пеколот од Хаифа ќе се сели во Белград, а и реваншот на две екипи што имаат фанатични навивачи ќе биде возбудлив.

Влогот е настап во Лигата на шампионите, а многу блиску до настап во фазата по групи е Бенфика, која го победи Динамо Киев во Лоѓ со 2:0. Со головите на Жилберто и на Рамос во првото полувреме, Орлите од Лисабон имаат огромна предност за реваншот на свој терен.

Многу подраматично би требало да биде во Белград на 23 август.

Вечерва Макаби поведе со 1:0 со голот на Пјеро во 18-тата минута, но Црвена ѕвезда водеше по првото полувреме со 2:1 со головите на Пешиќ и на Канга во 27-мата и во 40-тата минута.

Во втгорото полувреме пак имаше пресврт, а го режираа домаќините со уште еден гол на Пјеро во 51-вата минута и на Шери десет минути подоцна.

 

 

- Оглас -

Најнови вести