Имитација за Оскар, до детали ги погоди движењата на тенисерите (Видео)

Шпанецот Андрес Караско кој има 34 години, во својата тениска кариера освои само 200 долари, и кога сфати дека не го бива, почна со имитации на своите колеги, а тоа го прави доста поуспешно.

И сега во карантин, Караско се снимаше како имитира десетина ѕвезди на тенисот. Тој имаше имитации на Ѓоковиќ, Мареј, Федерер, Ферер, Хјуит, Родик, Кирјос, Сампрас и Моја. Некои ги имитираше супер, некои не толку успешно, но му успеа обидот да биде интересен. Штета што не го имитираше и Надал, бидејќи и кај него ќе имаше доста материјал.

Прв што го имитираше е актуелниот број 1. Караско го имитираше Ноле со тоа што многу долго време го тапкаше замисленото топче, и потоа упати специфично замавнување и положба на нозете кај Србинот додека изведува бекхенд удар.

Погледнете и сами проценете кого го имитираше најдобро:

- Оглас -

Најнови вести