Имобиле има пет гола во ЛШ, четири за Борусија, еден во мрежата на Борусија

Лацио на својот прв меч во ЛШ по 13 години, многу брзо даде два гола и ја шокира Борусија Дортмунд. Чиро Имобиле, кој во минатото играше за Борусија Дортмунд, вечерва на „Олимпико“ даде гол за Лацио против Борусија. За Имобиле тоа е прв гол во ЛШ по шест години, а претходните четири гола во елитното натпреварување му беа во жолто-црниот дрес.

Златната копачка во Европа за минатата сезона за Дортмунд одигра 34 меча и даде 10 гола, но билансот во Лацио му е многу подобар. Пред голот на Имобиле, последен играч кој имаше дадено гол за Лацио на дуел од ЛШ беше Горан Пандев.

- Оглас -

Најнови вести