Имобиле ја начека Џенова, даде три гола, и стана прв стрелец во Серија А

Лацио без проблеми, со 4-1 на гости ја совлада Џенова, а со трите гола кои ги даде Чиро Имобиле, италијанскиот репрезентативен напаѓач стана прв стрелец сезонава со Серија А, со два погодоци повеќе од Душан Влаховиќ.

Лацијалите се петти на табелата, со седум бода зад четвртопласираниот Јувентус, па шансите за пласман во Лигата на шампионите им се само теоретски, а пореално е да останат без место во Европа.

Лацио е втор најефикасен тим во Серија А, но одбраната им е проблематична. Џенова е претпоследна и до крај ќе води тешка битка за опстанок.

- Оглас -

Најнови вести