Имобиле не греши двапати, но сите зборуваат за асистенцијата на Сергеј (видео)

Лацио успеа да ја врати неизвесноста во дербито против Милан кое се игра на „Сан Сиро“ откако Имобиле израмни на 2-2 во 59-тата минута. Гостите од Рим успеаја да се вратат по два гола негатива, Имобиле овојпат не погреши како при изведувањето на пеналот, па со удар од прва го совлада Донарума.

Сепак, посебно треба да се проследи асистенцијата на Сергеј Милинковиќ-Савиќ при израмнувачкиот гол. Србинот феноменално од прва го проигра напаѓачот на Лацио со високо нафрлена топка во опасната зона.

- Оглас -

Најнови вести