Имобиле објасни зошто не се повлекол од репрезентацијата по поразот од Македонија

Чиро Имобиле, напаѓачот на Лацио и италијанската репрезентација, изјави дека често размислува зошто не игра толку добро за националниот тим како за клубот, а објасни и зошто не се повлекол од репрезентацијата по неуспехот против Македонија и неучеството на Италија на Светското првенство.

Имобиле додаде и дека има две цели во кариерата: титула во Серија А со Лацио и да игра на СП во 2026 година.

„Размислував што да правам и сфатив дека не треба други да одлучат за мојата иднина во националниот тим. Мислам дека можам уште да дадам за репрезентацијата. Луѓето се разочарани што нема да бидеме на СП. Следниот Мундијал е далеку, но ако немам повреди, ќе имам што да понудам. Трпев критики, но мислам дека и селекторот Манчини верува во мене“, вели 32-годишниот Имобиле, кој за Лацио има 187 гола на 268 меча, додека за Аѕурите има само 15 гола на 55 настапи.

- Оглас -

Најнови вести