Импресивен нов 150-метарски мурал посветен на Марадона (Фото)

Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Диего Марадона, вчера наполни 60 години, па по тој повод навивачи од аргентинскиот град Ла Плата каде Марадона работи како тренер, решија да направат еден интересен потфат. Изработен е мурал и тоа на ѕид долг 150 метри, а тематиката е неверојатниот гол на Марадона против Англија од четвртфиналето на ЕП во Мексико пред 34 години.

Насликана е целата соло-акција на Марадона, од приемот на топката на својата половина, до дриблањето на петмина противници (едниот двапати), меѓу кои и голманот Шилтон, и пласирањето на топката во мрежата. Овој гол им помогна на Аргентинците да влезат во полуфиналето, подоцна и да станат светски прваци. Тоа е последната титула за Аргентина на Мундијалите.

Инаку, во Аргентина има и други ѕидни цртежи по повод незаборавниот меч против Англија од 1986 година, дури и попрофесионално нацртани, но новиот се истакнува со својата должина.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести