Сите навивачи може да учат од нив: Во трета англиска лига на гостување имаше 7.800 навивачи (Фото)

Некогашниот шесткратен англиски првак, Сандерленд, сега е хит во светски рамки. Тоа е така бидејќи Сандерленд се натпреварува во Лига 1, која е трета лига во Англија. И покрај тоа што е далеку од елитата, Сандерленд има верна армија навивачи, кои никогаш нема да се откажат од клубот.

Во 2017 година, Сандерленд испадна од Премиер лигата, а целта беше бро враќање во елитата. Сепак, поради честите повреди на клучните играчи, намалениот буџет на клубот, несреќни порази, Сандерленд не само што не се врати во Премиер лигата, туку испадна и од Шампионат лигата.

Сега тимот е во Лига 1 и има цел да дојде до едно натпреварување погоре. Сандерленд вчера гостуваше кај Блекпул и победи со 1-0. Со овие три бода, клубот се искачи на третото место на табелата со два помалку од вториот Лутон, а седум помалку од водечкиот Портсмут.

Тоа што беше неверојатно на вчерашниот дуел против Блекпул е фактот дека на стадионот имаше 10.994 гледачи, а од нив дури 7.804 беа гостински фанови. Навивачите на Сандерленд даваат неверојатна поддршка на клубот од истоимениот град. Тие вчера патуваа повеќе од 300 километри за да ги бодрат своите миленици, а фудбалерите за тоа им возвратија со победа и три бода.

 

- Оглас -

Најнови вести