Ин мемориам: Почина Филип Христов

Македонскиот ракомет е во тага бидејќи денеска го загуби долгогодишниот работник Филип Христов.

Најголем дел од ракометната кариера ја помина во клубот Металург. Беше задолжен за менаџирање на логистиката во клубот, а имаше и повисоки функции и во машката и во женската екипа.

Филип Христов беше човек со високи морални квалитети што одржуваше баланс, рамнотежа и секогаш наоѓаше идеален начин како да ја исконтролира и да ја врати во нормала секоја ситуација, глас на разумот, посредник, советник…

Неговиот последен ангажман беше во Ракометната федерација на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести