Индепендент тврди: Роналдо и поранешни играчи на Јунајтед го оговараат Солскјер

Интересна сторија објави англиски „Индепендент“, а новинарите откриваат дека Кристијано Роналдо го оговара Оле Гунар Солскјер со пораки преку социјалните мрежи.

Наводно на популарниот „Watsapp“ Португалецот си разменувал пораки со поранешни играчи на Манчестер јунајтед, а тема на разговорите бил менаџерот на Манчестер јунајтед.

Солскјер е во многу незгодна ситуација кај Црвените ѓаволи и можно е да добие и отказ, ако драстично не се порави играта на Манчестер јунајтед и резултатите.

Роналдо не крие дека е незадоволен од тактиката на Солскјер, а има дел и од поранешните играчи и голем дел од навивачите на Јунајтед што бараат Норвежанецот веднаш да си замине од кормилото на 20-кратниот шампион и најтрофеен клуб во Англија.

Роналдо во последно време има се повеќе причини да биде загрижен, бидејќи не му оди добро ниту во националниот тим.

Популарниот ЦР7 беше расплакан и нервозен по поразот од Србија со 1:2 во Лисабон, што наместо на Мундијалот во Катар ги испрати Португалците во незгодниот бараж систем со најмалку два меча на кои мора да се победи зада се визира пасошот за Светското првенство.

Еден од можните противници на Португалија и на Роналдо е и Македонија, а ждрепката на 26. ноември ќе одлучи за противниците на двете репрезентации во дополнителниот филтер за пат во Катар.

Македонија досега еднаш играше со Португалија, во 2012 година на пријателски меч на кој играше и Роналдо, за заврши без голови.  

- Оглас -

Најнови вести