Индијан Велс е откажан поради Коронавирусот

Индијан Велс нема да се игра поради потврден случај на Коронавирус во долината Коучела, област каде што се оддржува популарниот петти тениски Гренд слем, како што го нарекуваат престижниот турнир во светот на тенисот.

Властите во САД дадоа препорака турнирот што требаше да почне денеска и е многу ценет во светот на тенисот да се одложи, а организаторите ја прифатија поради опасност од Коронавирусот.

Турнирот досега се играше без прекин од 1974 година, а организаторите најавија дека ќе им ги вратат парите на сите што купиле влезници или тие ќе можат да ги искористат за следното издание.

Индијан Велс се игра во прекрасните предели на Калифорнија, во близина на Палм Спрингс и го има вториот најголем тениски стадион во светот со капацитет од 16.100 места. Турнирот е најпосетен по четирите Гренд слема во Мелбурн, Париз, Лондон и Њујорк.

- Оглас -

Најнови вести