Индијана и Сакраменто одиграа три за три (Фото)

Индијана пејсерс и Сакраменто кингс направија интересна размена на по тројца кошаркари, а главни ѕвезди во популарниот трејд беа Домантас Сабонис, кој замина во Сакраменто, а Пејсрес го добија Тајрис Халибуртон.

Сабонис беше една од главните ѕвезди на Индијана, познат е како син на легендарниот Арвидас Сабонис, а досега има два настапи на Олстар-натпреварите.

Халибуртон е потенциран како една од можните идни големи ѕвезди во НБА, а ја игра втората сезона во најсилната лига на светот и има просек од 14 поени и 7 асистенции.

Во Индијана пристигнаа и Бади Хилд и искусниот Тристан Томпсон, а во спротивен правец во Сакраменто се пријавија Џереми Лемб и Џастин Холидеј.

Кингс го добија и правото од Индијана да бираат во втората рунда на драфтот во 2027 година.

Денеска имаше уште една интересна размена во која Си-Џеј Меколум се пресели од Портланд во Њу Орлеанс заедно со Лари Ненс јуниор и Тони Снел.

Портланд ги доби Џош Харт и Ник Александер-Вокер, Диди Лоузада и Томаш Саторански.

 

- Оглас -

Најнови вести