26.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Индијана нема да смета на клучниот играч

Индијана пејсерс без клучниот Виктор Оладипо ќе се обиде да обезбеди место во разигрувањата. Ѕвездата на Пејсерс одлучи да не игра во рестартот на сезоната бидејќи има шанси да ја обнови повредата на квадрицепсот со која се мачеше претходно сезонава.

Така одличниот бек нема да патува за Орландо каде што сезоната во НБА лигата ќе се доигра во „Светот на Дизни“. Рестартот е закажан за 30 јули, а Индијана со обврските тргнува два дена подоцна, односно на 1 август ќе се соочи со Филаделфија.

Пред прекинот на шампионатот, Индијана го држеше шестото место на Истокот со 39-26 учинок по 65 одиграни натпревари.

- Оглас -

Најнови вести