Индијана пејсерс со клупски рекорд од 157 поени го прослави учеството во плејофот

Индијана пејсерс ја надигра Атланта хокс со убедливи 157-115, и обезбеди учество во плејофот во НБА лигата.

Овие 157 поени се изедначување на клупскиот рекорд на Пејсерс, а тимот ќе игра плејоф за првпат после четири години.

Бостон кој е најуспешен тим на Истокот и воопшто во лигата, со победата од 132-122 над Вашингтон. Селтикс има 14 победи повеќе од вториот на Истокот, Њујорк никс, кој ја доби битката со Милвоки бакс за втората позиција.

Њујорк вечерва по продолжение одвај го победи Чикаго булс со 120-119, а Елените беа убедливо поразени од Орландо меџик со 88-113.

Во плејин разигрувањето, Филаделфија ќе се бори со Мајами за кој да биде седми и да игра против Њујорк во плејофот, а поразениот од тој меч за осмото место и дуел со Бостон во плејофот ќе треба прво да игра со подобриот од другиот плејин меч помеѓу Чикаго и Атланта.

- Оглас -

Најнови вести