Индонезија остана без организација на Светското првенство!

ФИФА на денешниот состанок одлучи да ѝ ја одземе организацијата на Светското првенство на Индонезија само на 50 дена пред неговото започнување. Ова доаѓа откако политички структури во Индонезија забранија влез на делегацијата на Израел, која требаше да учествува на ждрепката на групите. Ждрепката тогаш не се одржа, но беше оставен простор за преговори помеѓу ФИФА и Индонезија околу учеството на Израел на младинското Светско првенство.

Индонезија имаше заземено таков став бидејќи во израелско-палестинскиот спор е на страната на Палестина, но ФИФА најстрого забранува мешање на политика во спортот и оваа одлука е очекувана.

Од ФИФА информираа дека Светското првенство ќе се одржи во веќе закажаниот термин, од 20 мај до 11 јуни оваа година. Домаќинот дополнително ќе биде одреден.

- Оглас -

Најнови вести