Инфантино и официјално реизбран за прв човек на ФИФА

Џани Инфантино и официјално е избран за старо-нов претседател на ФИФА на денешниот Конгрес кој се одржа во Париз. Новиот четиригодишен мандат ќе му трае до 2023 година, а првиот човек на Светскат фудбалска куќа воедно беше и единствен кандидат за функцијата.

Инфантино ја презеде оваа функција од Сеп Блатер во 2015 година, кој по 17 години на чело на ФИФА, доби суспензија поради корупцискиот скандал.

Најзначајниот потег на Швајцарецот во неговиот прв мандат беше проширувањето на Светското првенство 2026 од 32 на 48 репрезентации. Исто така постигнат е договор на Светското клупско првенство од 2021 година да се натпреваруваат 24 екипи.

- Оглас -

Најнови вести