Инфантино треба да побрза ако сака СП во Катар со 48 тима

Претседателот на Светската фудбалска федерација, ФИФА, Џани Инфантино, откри дека се разгледува можноста освен Катар, и други земји од Персискиот залив да бидат вклучени како домаќини на наредното Светско првенство, за кое Џани сака да има 48, а не 32 учесника како што беше предвидено.

На спортската конференција во Дубаи, Инфантино потврди дека има шанси да играат 48 тима, но проблем се политичките тензии во регионот.

„Ако можеме да ги вклучиме соседните земји во домаќинството на некои мечеви од СП во 2022, тоа би било од полза и за регионот и за целиот свет. Знаеме дека има тензии, но фудбалот ги спојува луѓето, ќе помогне во развојот на спортот, па треба да се обидеме“, рече Инфантино.

Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет во јуни 2017 воведоа трговски бојкот за Катар и ја обвинија таа земја дека го поддржува тероризмот, што беше негирано од Катарците кои вложија 8 милијарди долари за изградба на стадиони и друга пропратна инфраструктура.

Ждрепката за квалификациите за СП треба да се одржи во март, па ФИФА има два месеци да го реши проблемот. СП во 2026 ќе има 48 учесници, но Инфантино и соработниците би сакале да го забрзаат процесот и веќе во 2022 наместо 32, на СП да има 48 тима.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести