Инфаркт завршница и во Скопје, Македонија ремизираше со Исланд

Македонија ремизираше со Исланд при конечни 24-24 во квалификацискиот меч за ЕП кој се одигра во Скопје. Избраниците на Данило Брестовац не успеаја да остварат двојна победа во четири дена против Ислаѓаните, кои се спасија од нов пораз буквално во последните моменти од средбата.

Исланѓаните подобро ја отворија средбата и го држеа резултатот во своја корист сè до половина од првото полувреме. Во моменти со играч повеќе на теренот, Македонија искористи да се врати од два гола негатива и по израмнувачките 7-7 со голот на Борко Ристовски, нашите ракометари дојдоа до првата предност од 10-8. Сепак, со три последователни реализирани напади, Исланд на паузата замина со минимални 10-11.

Со обновени сили, Македонците направија фантастична серија од 5-0 и за брзо поведоа со 20-18, иако се најдоа во негатива од три гола. Во последните две минути Македонија влезе со предност од 24-23, а Ристовски во вистински момент интервенираше и ја доведе нашата репрезентација во поволна позиција. Промашувањето на Лазаров им донесе шанса на гостите да израмнат во последниот напад, а тие го искористија тоа и погодија за конечни 24-24.

Лазаров со осум погодоци беше најефикасен од редовите на Македонија, по четири гола дадоа Манасков и Талески, додека Магнусон беше најефикасниот ракометар на гостите со осум гола.

Ристовски дефинитивно е најзаслужен за ова реми со 12 интервенции.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести