Инграм со рекорд ја исправи судиската неправда (Видео)

Брендон Инграм одигра брилијантен меч за Њу Орлеанс пеликанс и со личен рекорд од 49 поени беше најзаслужен за победата од 138:132 против Јута џез по продолженија.

Мечот беше драматичен, а кога Инграм постигна поени на две секунди до крај за предност од 122:121 публиката веќе се радуваше на победа во регуларниот дел.

Но, судиите досудија чуден фаул над Руди Гобер од Хејс без топка, па центарот на Џезерите имаше шанса со погодени две слободни фрлања да им донесе 11. победа по ред на гостите од Јута.

Францускиот ас подгоди еднаш и израмни на 122:122 за продолженија. Публиката протестираше против чудната одлука на судиите, но за нивна среќа тука беше Инграм да ја корегира сомнителната одлука на арбитрите, а Пеликанс славеа победа со шест поени разлика.

Кај гостите блескаше Донован Мичел со 46 поени со што си го израмни сопствениот рекорд, но и тоа не беше доволно за победа и продолжување на серијата на Јута.

Драматично беше и во Сан Франциско, каде исто така се играше продолжение, а Денвер како гостин го победи Голден стејт со 134:131.

Гостите имаа 19 поени негатива уште од првата четвртина, но полека ја топеа предноста на Голден стејт и победија во дополнителните пет минути. Вил Бартон беше најефикасен со 31 поен, Јокиќ уфрли 23 со 12 скока и 8 асистенции, а и Бисли беше ефикасен со 27 поени.

Резултати: Њујорк никс – Феникс санс 98:121, Милвоки бакс – Бостон селтикс 128:123, Њу Орлеанс пеликанс – Јута џез 138: 132, Голден стејт вориорс – Денвер нагетс 131:134, Л.А. Клиперс – Орландо меџик 122:95.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести