Ингс, Армстронг и Редмонд ги слетаа Канаринците на „Кероу роуд“ (Видео)

Дани Ингс го постигна 16. гол во сезоната во Премиерлигата и го поведе Саутемптон кон нова победа, прва по рестартот на сезоната во Англија.

Првиот стрелец на тимот беше прецизен во 49. минута против Норич, со што стана само вториот играч на Светците што ја минал границата од 16 голови во иста сзона во овој милениум. Пред него Џејмс Бити во сезоната 2002/03 даде вкупно 23 гола за Саутемптон и потоа се до денеска ниту еден играч на Саутемптон не ја минал границата од 16 погодоци во една сезона.

Голот на Ингс можете да го погледнете ОВДЕ.

Најава за сигурна победа на гостите стаса само пет минути подоцна со голот на Стјуарт Армстронг, а во 54. минута со асистенција му возврати токму Ингс. Голот на Армстронг погледнете го ОВДЕ.

Во 79. минута и третпат се тресеше мрежата на Тим Крул, а ја затресе Нејтан Редмонд, со што гостите славеа убедливо на премиерниот мел за двете екипи по рестартот на сезоната во Премиерлигата. Голот на Редмонд погледнете го ОВДЕ.

Саутемптон со триумфот од 3:0 на „Кероу роуд“ ја прекина мини-низата од два порази и се проби на 13. место со 37 бодови.

Норич остана на последната позиција во Премиерлигата во конкуренција на 20 екипи и има само 21 бод.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести