Ингс ја скина мрежата на Њукасл со прекрасни ножички (Видео)

Дани Ингс покажа дека ќе биде големо засилување за Астон Вила и денеска со нов гол за новиот клуб. По погодокот на премиерата и дебито за Астон Вила против Ватфорд мината недела, Ингс и денска е стрелец и тоа на прекрасен погодок со ножички.

Вила со неговиот гол од последните секунди во првиот дел води против Њукасл со 1:0, а Ингс реагираше извонредно и постигна фантастичен гол.

Летово пристигна од Саутемптон и веќе е водечки стрелец на Астин Вила со два гола во две кола.

- Оглас -

Најнови вести