Интер е фаворит, но Лацио точно на 31-ви јануари последен пат победил во Милано

Унион Берлин – Келн (20:30 ч.)

Дерби на две екипи кои се надеваат дека на крајот од сезоната ќе се изборат за влез во Бундеслигата. Интересно е што двата клуба во претходното коло претрпеа порази и сега очекуваат да се „извадат“ за киксот. Унион Берлин е домаќин, а интересно е тоа што иако е на четвртото место на табелата, тоа е тимот со најмалку порази сезонава, односно токму во претходното коло за првпат загубија. Унион е „специјализиран“ за нерешени, бидејќи досега има 10 ремија во 18 меча.

Келн на гости игра одлично и во 8 средби има шест победи, едно реми и само еден пораз. Домаќините играат попретпазлив фудбал, но Келн е настроен напаѓачки, па сигурно ќе има погодоци. На претходните седум меѓусебни средби секогаш имало барем по два погодока.

Предлог тип: 1-2 I& 1-2II (2.85) – квота на денот во Sport Life

 

Интер – Лацио (21 ч.)

Ова е битка за полуфинале во Италијанскиот куп. „Нераѕурите“ играат на свој терен и се фаворити, но Лацио секогаш знае да биде непредвидлив. Во есенскиот дел од Серија А, Интер во Рим победи убедливо со 3-0, а и на претходните три меча Интер се радувал двапати, а еден дуел завршил без победник.

Интересно е тоа што Лацио последната победа над Интер ја има токму во Милано, и тоа во Купот, и тоа на 31 јануари пред две години. Тогаш, исто така во рамките од четврт-финалето, Лацио победи со 2-1. Гостите од Рим сигурно ќе сакаат реприза од тој меч, но Интер сепак е фаворит.

Предлог тип: 1Х-2-4 (2.15) – квота на денот во Sport Life

 

Жирона – Реал Мадрид (21:30 ч.)

Реал Мадрид треба да го одработи и реванш-мечот против Жирона, па да се пласира во полуфиналето од Купот на Шпанија. По дуелот кој се одигра на „Сантијаго Бернабеу“, Кралскиот клуб има предност од 4-2 и во Каталонија доаѓа како голем фаворит.

За да нема дилеми и да не се даде надеж на домаќините, Реал би требало да нападне уште од првата минута и да стигне до предност, а потоа само рутински да одработи до 90-тата минута и пласманот во полуфиналето.

Предлог тип: 2-Х2 (2.40) – квота на денот во Sport Life

 

Ксанти – Арис (18 часот)

Дуел на екипи кои се надеваат дека на крајот ќе може да се изборат за позиција која води кон излез во Европа. Затворената игра и поголемото внимавание на својот гол отколку да се фокусираат на противничкиот, е главна карактеристика на двата тима сезонава. Токму затоа и се очекува ова да биде средба на која нема да има многу погодоци.

Предлог тип: 0-2 (1.36)

 

Ле Ман – Конкорн (20:45 ч.)

Домаќините се едни од најсериозните кандидати да одат во еден ранг погоре за следната сезона, па токму затоа овој меч им е многу важно да го добијат. Конкорн е сигурен на средината на табелата и без некои поголеми амбиции. Ле Ман дома во девет меча нема ниеден пораз, а прими само четири гола.

Предлог тип: 1 (1.50)

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести