Интер е велесила… За Фрозиноне

Интер го одржа успешниот учинок против Фрозиноне со гостинската победа од 1-2, но „нераѕурите“ за првпат во четири меѓусебни пресметки со денешниот противник не успеаја да останат перфектни, односно да ја сочуваат мрежата (Претходно победуваа со 4-0, 3-0 и 1-0).

Најнголан ја отвори средбата во 19-тата минута, а Перишиќ од белата точка во 37-мата минута зголеми на 0-2 за гостите. Фрозиноне посакуваше сензација, но доби само почесен погодок во креација на Касата во 61-вата минута. За да нема дилеми, Весино погоди во втората минута од судиското надополнување.

Интер со 18-тата победа во Серија А се зацврсти на третото место на табелата со 60 бода, додека Фрозиноне останува на претпоследното место со 23 бода.

- Оглас -

Најнови вести