Интер го има фудбалерот кој има најхуман син

Пред неколку дена Интер се радуваше на пласман во Лигата на шампионите откако во последното коло со 2:1 го победи Емполи, за голема радост на навивачите на „нераѕурите“. Сега, повторно стигнува убава вест од Милано, но овојпат не е поврзана со фудбалскиот терен.

Шпанскиот интернационалец Борха Валеро нема стандардно место меѓу стартерите, но неговиот син го направи да биде во центарот на вниманието. Алваро Валеро има само девет години, а веќе трета година по ред детето не сака да му купуваат никакви подароци. Малиот Алваро инсистира сите оние подароци и пари кои сакаат да му ги дадат за роденден, да ги префрлат во хуманитарни организации за помош на загрозените деца.

„Веќе три години Алваро одбива какви било подароци. Тој инсистира сите пари да бидат префрлени во хуманитарни организации. Има само девет години, а е пример за сите нас“, вели неговата мајка Роча.

Една од хуманитарните организации реши во знак на благодарност да напише писмо до малиот Алваро, кој не можеше да ги сокрие емоциите и да не се расплаче.

- Оглас -

Најнови вести