Интер го промовираше капитенот на Србија

Александар Коларов го облече дресот на Интер. Искусниот 34-годишен дефанзивец само само еден милион евра направи трансфер од Рома во гигантот од „Џузепе Меаца“. Договорот е потпишан на две години. Овој трансфер беше најавен уште пред 10-тина дена, а сега е негова официјализација.

Фудбалерот кој е капитен на репрезентацијата на Србија имаше преку 130 настапи за Рома и многу добро го познава италијанскиот фудбал. Ветеранот во Серија А има настапувано и за Лацио во периодот од 2007 до 2010 година, а потоа цели седум години беше дел од Манчестер сити.

Коларов кој е познат по силниот и прецизен удар, има и 92 настапи за националниот тим на Србија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести