Интер и Манчестер јунајтед постигнаа договор за најскапиот фудбалер на англискиот гигант

Интер и Манчестер јунајтед конечно постигнале договор за трансфер на Алексис Санчес. Чилеанскиот голгетер сезонава играше како позајмен играч на „Џузепе Меаца“, а Манчестер јунајтед бараше начин како да се ослободи од фудбалерот кој има наголема плата на „Олд Трафорд“, но не беше во плановите за следната сезона.

Санчес сезонава три месеци ги пропушти поради повреда, а во 29 меча кои ги одигра во дресот на Интер, даде четири гола, плус имаше и 10 асистенции. Според договорот, Интер на англискиот гигант ќе му плати 15 милиони евра за да го откупи трансферот на напаѓачот. Чилеанецот ќе потпише тригодишен договор, според кој ќе заработи вкупно 15 милиони евра.

Целиот договор треба да биде официјализиран по дуелот Интер – Хетафе во Лигата на Европа кој се игра в среда.

 

- Оглас -

Најнови вести