Интер и Реал уште во првото полувреме ќе си ги завршат работите

3656 Интер – Специја (15 ч.)

Сезонава е привлечно да се гледа Интер, затоа што тоа е тимот кој игра без никакви калкулации. Во 12 меча го има најдобриот напад со 30 погодоци, но прими дури 15 гола, што значи дека вкупно 45 погодоци, односно 3,75 гола по меч има сезонава на средбите на Нераѕурите.

Специја е ривал кој не би требало да направи проблем и изненадување на „Џузепе Меаца“, иако гостите знаат да изненадат во нападот.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.12)

 

1353 Еибар – Реал Мадрид (21 ч.)

Дури осуммина играчи фалат кај домашниот тим, кој дури и да е комплетен е аутсајдер против Реал. Еибар е најслабиот тим во Примера на домашен терен и единствен кој не победил ниеднаш. Реално нема шанси тоа да го направи против Кралскиот клуб, па гостите само рутински треба да одработат и на квалитет да стигнат до три бода.

Традицијата вели дека Реал има шест победи во последните седум средби со Еибар и во сите тие седум дуели имало барем по три гола.

Предлог тип: 2&3+ (2.35)

 

1162 Манчестер јунајтед – Лидс (17:30 ч.)

Со пет победи и едно реми во последните шест лигашки дуели, Манчестер јунајтед се најде во позиција со три бода од денешниот меч, да се израмни се Евертон кој моментно е на второто место во Премиер лигата. Лидс гостува на „Олд Трафорд“, а според досегашните резултати, тоа е можеби и најнепредвидливиот тим.

Манчестер се брука сезонава на свој терен и во шест меча има само една победа, па според билансот на свој терен, Црвените ѓаволи се дури на 17-тото место во Премиер лигата. Лидс има три победи и порази на гости, без ниедно реми.

Фактот дека двата тима играат отворено, е најава за погодоци, а секако предноста е на страната на домаќините.

Предлог тип: 1-3I & 1-3 II (1.73)

 

1541 Жил Висенте – Бенфика (18:30 ч.)

Бенфика мора да победи за да го задржи чекорот со водечкиот Спортинг. Гостувањето кај Жил Висенте не треба да е прблем за некогашниот европски првак, затоа што традицијата покажува дека Бенфика има 12 победи и едно реми во последните 13 меѓусебни дуели.

Домашниот терен треба да е адут за Жил Висенте, но тешко дека овојпат тоа ќе им донесе радост.

Предлог тип: 2 (1.43)

 

1163 ВБА – Астон вила (20:15 ч.)

Иако освои бод на последното гостување кај Манчестер сити, ВБА е првиот тим во Премиер лигата кој го смени тренерот. Славен Билиќ доби отказ, а сега желбата на клубот е да се освојуваат и три бода. ВБА има само една победа во 13 кола и е на претпоследното место на табелата.

Астон вила има неверојатнаниза на гости и во пет меча победи дури четири пати, а прими само два гола што потврдува дека дефанзивата е нивна посилна страна.

Предлог тип: 1Х&0-3 (2.62)

 

- Оглас -

Најнови вести