Интер и Санчес раскинаа, Чилеанецот на пат кон Франција

Интер и Алексис Санчес спогодбено ја прекинаа соработката една година порано од важечкиот договор на офанзивецот. Санчес доби 6,5 милиони евра отштета и сега е на пат кон Франција каде како слободен играч треба да потпише за Олимпик Марсеј.

Долго време Нероаѕурите и Чилеанецот бараа начин како да стават крај на соработката, а главниот проблем беа парите. Агентот на Санчес не прифаќаше сума од четири милиони евра бидејќи ексѕвездата на Арсенал беше најплатен член во тимот.

Санчес запиша повеќе од 100 настапи во дресот на Интер и ги освои сите трофеи во Италија – Скудетото, купот и суперкупот.

- Оглас -

Најнови вести