Интер ја пронајде заменета за Лукаку, на „Џузепе Меаца“ се враќа легендарниот Чилеанец

Легендарниот чилеански напаѓач Алексис Санчес по завршувањето на договорот со Олимпик Марсеј остана без клуб. Според италијанските медиуми, тој сега е пред враќање во Интер, клуб каде што мина три години и одигра 109 натпревари, на кои постигна 20 гола.

Триесет и петгодишниот Чилеанец би заработувал по три милиони евра годишно, што значи дека не би бил преголем товар за буџетот на клубот од Милано, а би бил и тоа како одлична опција за нападот на финалистот од последната Лига на шампиони.

Алексис Санчес потекнува од академијата на Кобрелоа, а во својата татковина настапуваше и за Коло Коло. Во Европа освен за Интер и Марсеј, го има носено дресот и на Удинезе, Барселона, Арсенал и Манчестер јунајтед, а има настапи и за Ривер плејт од Аргентина.

- Оглас -

Најнови вести