Интер ќе го награди Конте со нов договор

Раководството на Интер изготвува нов договор за Антонио Конте со кој ќе го задржи италијанскиот стратег на клупата и по летото 2022 година. На Конте му следува автоматско покачување на платата по крајот на оваа сезона, но и покрај тоа ќе добие нов повеќегодишен договор како награда за успешната работа.

Конте е најплатен тренер во Калчото со 12 милиони евра годишна заработка, а во наредната сезона ќе заработува до 13,5 милиони евра. Како следен предизвик, управата му постави поуспешен настап во Лигата на шампионите ако се знае дека Интер во изминативе две сезони испаѓаше во групната фаза.

Интер по 28 натпревари во Серија А, има осум бода предност во однос на Милан и сигурно чекори кон 19-тото Скудето во клупската историја, кое го чека од сезоната 2010/11.

- Оглас -

Најнови вести