Интер ќе ја пречека Рома, Марота ќе преговара за Џеко

Во пресрет на дербито од 33-тото коло во Серија А, во кое Интер ја пречекува Рома, раководството на „нераѕурите“ ќе се обиде да договори засилување за следната сезона. Спортскиот директор Бепе Марота го одреди Един Џеко како идеален заменик за Мауро Икарди, арентинскиот напаѓач кој по крајот на оваа сезона многу веројатно ќе го напушти Милано.

Според италијанските медиуми, Босанецот по сите изгледи ќе се согласи на преселба од Рим во Градот на Модата, додека Интер за него ќе издвои околу 12 милиони евра. Иако сумата се чини премала, треба да се земе предвид дека Џеко има 33 години и полека станува ветеран.

Сепак, тој може уште многу да понуди за кој било клуб, голгетерските способности ги покажуваше и во Бундеслигата, но и во Манчестер сити, додека во сезоната 2016/17 беше најдобар стрелец во Серија А со 29 погодоци.

Марота дополнително верува дека од ангажманот на Џеко најголема корист ќе има младиот напаѓач Лаутаро Мартинес. Аргентинецот ќе има што да научи од сегашниот голгетер на „римската волчица“ за во иднина тој да биде лидер на екипата.

Значи, Интер во сабота атакува на два фронта – Три бода против Рома и купување на нивниот главен играч.

- Оглас -

Најнови вести