Интер ќе заработи како никогаш досега од дербито против Милан

Големото градско дерби меѓу Интер и Милан ќе донесе рекорден приход во касата на Нераѕурите кои се домаќини. Дуелот на „Џузепе Меаца“ во живо од трибините ќе го следат повеќе од 75.000 гледачи. Билети во продажба веќе нема, а дури не може да се најдат билети и на „црниот пазар“.

Според „Газета дело Спорт“, во касата на Интер ќе влезат 5,8 милиони евра само од продажбата на билетите. Ова сепак не се најголемите приходи што Интер ги има заработено од еден дуел, од продажба на карти.

На 6 октомври 2019 година, кога Интер беше домаќин на Јувентус, приходите од влезници изнесуваа 6,6 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести