Интер му гостува на Атлетико без стрелецот од првиот меч

3138 Раднички Ниш – Црвена ѕвезда (19.00 часот)

Раднички во претходните две кола примаше по три гола и ги загуби тие натпревари, а нешто слично веројатно ќе се случува и вечерва, против тимот кој е голем фаворит и се бори за титулата. Ѕвезда откако не успеа да го добие дербито со Партизан, веќе нема право на кикс ако сака нова титула во Србија. Тие се најефикасен тим во лигата. Последниот меѓусебен дуел на овие екипи заврши со 5-0 за белграѓани, но тоа беше средба од купот, а во лигата есеноска на „Маракана“ беше само 1-0.

Предлог тип: 2-2 & 2-5 (1.94)

 

1001 Борнмут – Лутон (20.30 часот)

Ова е заостанат меч од Премиер лигата. Домашните во претходните три кола имаа победа, пораз, реми и имаат 11 бода повеќе од Лутон, кој е трети одоздола на табелата и е загрозен од испаѓање. Во претходното коло двата тима одиграа нерешено, со дадени и примени голови. Борнмут дома нема лигашка победа во 2024, ни Лутон нема победа на гости годинава. Лутон има серија од седум меча по ред со даден и примен гол, а ГГ беше и на нивните последните два меѓусебни дуела, кога екипите беа членови на Чемпионшип.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.77)

 

6007 Атлетико Мадрид – Интер (21.00 часот)

Италијанскиот тим првиот меч го доби со 1-0, резултат кој на двата тима им дава право да се надеваат дека ќе влезат во четвртфиналето на ЛШ. Интер е во голема победничка серија, но вечер има многу непријатно гостување кај тим кој сезонава дома има само еден пораз, и тоа во меч од Купот на Шпанија. Кај Интер ќе го нема Арнаутовиќ, кој се повреди викендов, а беше стрелец на единствениот гол во победата против Јорганџиите од Мадрид.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (2.30)

 

6008 Борусија Дортмунд – ПСВ (21.00 часот)

Резултатот од 1-1 на првиот меч во Холандија прави Борусија да биде фаворит за пласман во четвртфиналето на ЛШ. Кај тимот од Дортмунд ќе ги нема Алер и Шлотербек. Секогаш кога овие два тима играле меѓу себе на официјални или пријателски средби, имало барем по еден гол на двете страни. Борусија загуби на својот последен домашен дуел, но веруваме дека овојпат играњето дома е нивна голема предност.

Предлог тип: 1 (2.15)

 

2844 ПСЖ – Ница (21.10 часот)

Ова е четвртфинален меч од купот на Франција, а победникот во полуфиналето ќе игра со Рен. ПСЖ е фаворит против кој бикло француски тим, особено кога игра дома, но се покажало дека во купот можни се и сензации и поинаква е мотивацијата. Во септември, Ница победи со 3-2 на лигашкото гостување во Париз, а и во купот кога се сретнаа последен пат, Ница ги елиминира Светците, затоа не треба гостите однапред да бидат отпишани. Можеби домашните ќе тргнат со комбиниран состав, па некои од ѕвездите ќе треба да решаваат евентуален проблем во вториот дел.

Предлог тип: 2>1 (1.92)

- Оглас -

Најнови вести