Интер на крилјата на Санчес лета кон Скудетото (видео)

Интер со двата погодоци на Алексис Санчес славеше со 2-1 на гостувањето кај Парма за шеста победа во низа за екипата на Антонио Конте. Нераѕурите го зацврстија своето место на врвот на шест бода, односно девет предност во однос на конкурентите Милан и актуелниот првак Јувентус.

Гостите се мачеа во првото полувреме, но откако проработе напаѓачкото дуо Лукаку – Санчес, работите потполно се сменија во корист на Интер. Со претпознатливи контранапади, Интер, односно Санчес на двапати само во осум минути ја затресе мрежата на Сепе,  кому му асистираше токму Лукаку.

Парма за момент се врати во игра откако Ернани намали на 2-1 во 71-вата минута, но тоа беше максимумот што го покажа домашниот состав.

Интер сега има 59 бода на врвот и сигурно ита кон Скудетото, додека Парма и натаму заостанува во трката за опстанок само со 15 бода на 19-тото место.

 

- Оглас -

Најнови вести