Интер не сака да го врати играчот кој стана херој во Бразил

Габриел Барбоса е фудбалерот кој со два гола во последните неколку минути донесе победа на Фламенго во финалето на Либертадорес купот против Ривер плејт. Бразилскиот клуб цели 38 години чекаше за повторно да се искачи на континенталниот трон, а популарниот Габи-гол е херојот.

Бразилскиот напаѓач е играч на Интер, откако во 2016 година потпиша со гигантот од „Џузепе Меаца“. Сепак, Нераѕурите не беа задоволни од играта на Габи и решија да го дадат на позајмица. Во Фламенго на 38 меча даде 31 гол, но тоа не ги премислува челниците на Интер. Позајмицата на Габи му истекува на крајот на годината, а потоа Интер треба да му најде ново место.

„Неговата позајмица истекува во декември. Тогаш внимателно ќе процениме што и како ќе правиме. Како играч, тој сигурно многу напредуваше, но сепак најверојатно нема да биде дел од нашиот проект. Имаме многу понуди за него и ние сигурно ќе најдеме што е најдобро за двете страни“, рече спортскиот директор на Интер, Џузепе Марота.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести