Интер ослабен за полуфиналниот дуел против Шахтар

Тренерот на Интер, Антонио Конте, нема да смета на Алексис Санчес за дуелот против Шахтар Донецк во полуфиналето од Лигата на Европа.

Чилеанскиот офанзивец се здоби со повреда на десниот бутен мускул во победата над Баер Леверкузен пред два дена, по што клубот ја потврди повредата.

Засега најавите се дека Санчес ќе го пропушти мечот за влез во финалето од второто европско натпреварување, кој е закажан на 17 август.

- Оглас -

Најнови вести