Интер подготвува летна бомба – Премиер лигата може да остане без четвртиот најдобар стрелец

Антонио Конте е сериозен во намерите да направи шампионски тим од Интер, а одличниот стратег бара од раководството на Нераѕурите на „Џузепе Меаца“ до го донесе Серхио Агуеро.

Моментно Аргентинецот е на рехабилитација по операцијата на коленото, но ќе биде подготвен за настап на почетокот на идната сезона и Конте се надева дека тоа ќе биде во Интер.

Во замена за Агуеро, Интер ќе го понуди Милан Шкрињар, 25-годишниот дефанзивец од Словачка.

Агуеро е вистинска легенда и на Манчестер сити и на Премиер лигата во Англија. Аргентинскиот ас е најдобар стрелец во клупската историја на ланскиот првак на Англија и вкупно четврти во Премиер лигата.

Серхио, кој има 32 години, со 180 погодоци е само зад Алан Ширер со 260, Вејн Руни со 208 и Енди Кол со 187 голови во Премиер лигата, која се игра од 1992 година.

- Оглас -

Најнови вести