Интер разочара 11.000 деца на „Џузепе Меаца“

Во една необична атмосфера на „Џузепе Меаца“, Интер и Сасуоло одиграа без голови, во меч од 20. коло во Серија А. Поради расистичките испади на дербито против Наполи, Интер е казнет со два меча играње без публика. Сепак, трибините не беа целосно празни. Од италијанската федерација дозволија вратите од стадионот да бидат отворени за деца кои сакаат да го гледаат мечот.

На трибините имаше 11.000 деца кои создадоа неверојатно бучна атмосфера, но и тоа не беше доволно Интер да даде гол и да стигне до победата. Сасуоло едноставно е кошмар за Интер.

На претходните четири меча на овие два тима, Интер претрпе четири порази, што значи дека и овој бод е успех за нив. Последен пат Интер се радувал против овој ривал во декември 2016 година, а од тогаш до сега на последните пет меча „нераѕурите“ дале само два гола на Сасуоло.

- Оглас -

Најнови вести