Интер реши што ќе прави со Кристијан Ериксен

Кристијан Ериксен беше во центарот на вниманието за време на Европското првенство. Капитенот на данската репрезентација доживеа срцев удар за време на дуелот против Финска и за среќа, плус со брзата интервенција на лекарите, Ериксен остана жив и добро закрепна.

На фудбалерот му беше ставен дефибрилатор и тој сега добро се чувство. Сепак, Ериксен нема да може да ја продолжи кариерата во Интер, кој е негов актуелен клуб. Во Италија има забрана за активно играње фудбал на професионално и аматерско ниво на сите оние кои имале сериозни срцеви проблеми.

Ериксен е најскапоплатениот играч во Интер (добива 7,5 милиони евра по сезона), но Нераѕурите веќе нема да може да ги користат неговите услуги, па затоа челниците на актуелниот италијански првак најавија дека се подготвени да го продадат во јануарскиот преоден рок.

Според некои шпекулации, Ајакс, кој е клуб во кој Ериксен има играно, треба да биде негова следна станица.

 

- Оглас -

Најнови вести