Интер покажува сериозен интерес за ангажман на играчот од средниот ред на Челзи, Андреј Сантос, пренесуваат италијанските медиуми. Нераѕурите подготвуваат значајни промени во составот за претстојниот летен преоден рок, а 21-годишниот Бразилец е една од нивните главни трансферни цели.
Се очекува миланскиот гигант на лето да се раздели со искусните Хенрик Мхитарјан и Хакан Чалханоглу, по што клубот активно бара соодветни замени. Меѓу приоритетите на листата е токму Сантос.
Покрај тоа, Интер ќе се обиде да го доведе и играчот за врска на Баерн Минхен, Леон Горецка, кој би можело да стане слободен агент по завршувањето на сезоната.
Андреј Сантос има договор со Челзи до летото 2030 година. Во тековната сезона тој има постигнато еден гол и има забележано четири асистенции на 37 настапи во сите натпреварувања.

