Интер си се поднови со новиот Пирло за 30 милиони евра

Интер е на прагот на големо засилување, а Нераѕурите ќе се потсетат на периодот од 1998 до 2001 година кога за нив играше легендата Андреа Пирло.

Гигантот од Милано, според италијанските медиуми, веќе ја завршил работата со Бреша и ќе се засили со големата надеж на италијанскиот фудбал Сандро Тонали.

Токму Тонали го нарекуваат новиот Пирло, а веројатно ќе го мине и истиот пат од Бреша во Интер на почетокот на кариерата, како и неговиот славен сонародник.

Трансферот ќе го чини Интер 30 милиони евра, плус бонуси, кои се вообичаени при ваквите договори во последно време. Бреша бараше отштета за 20-годишниот играч во висина од 50 милиони евра, но според информациите од Италија, Интер ќе уплати 30 милиони евра, а разликата, или малкуо помалку од тоа што го бара сегашниот клуб на Тонали, ќе биде компензиран со бонуси.

Интересно е што играчот од среднито ред на Бреша е деклариран голем навивач на Милан, но ја прифати понудата на Интер, најмногу поради тренерот Антонио Конте.

За Тонали беа заинтересирани и европските гиганти Јувентус, Реал Мадрид, Барселона, ПСЖ…, но репрезентативецот на Италија ја прифати понудата на Интер.

 

- Оглас -

Најнови вести