Интер славеше во Верона и сега ќе навива за Лацио (видео)

Интер се измачи, но ја запиша потребната победа на гости кај Вверона од 2-1, за преземање на врвот во Серија А, по некомплетираното 14-то коло. Нераѕурите моментално имаат 33 бода, два повеќе од лутиот ривал Милан, кој пак подоцна игра дерби против Лацио на домашен терен.

Лаутаро беше човекот кој го скрши отпорот на домаќините во 52-рата минута, откако одлично реагираше по нафрлувањето од Хакими. Само 11 минути подоцна, Верона израмни искористувајќи грешка на Хандановиќ, а младиот Илиќ среќно погоди за 1-1.

Сепак, неизвесноста траеше кратко бидејќи во 69-тата минута Шкрињар му донесе нова предност на Интер, која ја задржа до крајот на средбата.

 

- Оглас -

Најнови вести