Инциденти и во финалето на Купот на БиХ

Во финалето на Купот на Босна и Херцеговина се сретнаа два тима од Мостар, а Зрињски беше подобар со вкупни 2-1 во двата натпревари и го крена трофејот.

Балкан си е Балкан, па после спречената масовна договорена тепачка на групи навивачи на Динамо и Риека во Хрватска и хаосот пред финалето на Купот на Србија, редот да се случи инцидент им дојде и на Херцеговците.

На крајот од натпреварот кој заврши 1-1, наместо спортски поздрав, на теренот на стадионот „Роѓени“ имаше тензии, вербални конфликти и меѓусебно туркање на играчите.

Поголем и посериозен инцидент беше спречен од обезбедувањето и редарите, а и некои помирни играчи, исто така, се обидоа да ги разделат конфликтните страни и да ги смират вжештените глави на своите соиграчи.

 

- Оглас -

Најнови вести